Истражниот комитет на Русија ќе ги провери сите можни верзии на падот на А321

Руските истражители ќе ги проверат сите можни верзии кои можеле да доведат до пад на А321 на Синај, изјави портпаролот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин.

„Во рамките на истрагата е одземена документацијата за техничкото сервисирање на авионот Ербас А321 од моментот на почеток на неговата експлоатација, задачите за летање, сертификатите за воздухоплов, печатени копии од планот за летање „Шарм ел Шеик – Санкт Петербург“, патничкиот манифест, копии од комуникацијата на кипарскиот диспечер за контрола и управување на воздушниот сообраќај за исчезнувањето на воздухопловот од радарот“, се вели во соопштението на сајтот на Истражниот комитет на Русија.

Исто така „продолжува прибирањето и одземање на медицинските документи за добивање медицинска дозвола за летање на членовите на екипажот на авиокомпанијата, како и документи за набавка и употреба на детали и агрегати инсталирани на воздухпловот. Со нивна помош истрагата може да ја утврди целосноста и точноста на подготовката на воздухопловот и екипажот за давање услуги за превоз на патници“.

Покрај тоа, „испрашани се вработени во единиците за аеронавигациска сигурност, за техничко сервисирање на воздухопловите на АД „Авиокомпанија “Когалимавиа“, екипажот кој го реализирал летот на 30 октомври 2015 година на урнатиот воздухоплов на линијата „Самара – Шарм ел Шеик“.

„Во рамките на сеопфатната истрага Истражниот комитет на Русија ќе ги провери сите можни верзии кои можеле да доведат до трагедијата, вклучително и верзијата за техничка неисправност на воздухопловот“, додаде Маркин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.