Утревечер, 1 ноември, со почеток во 19 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи „Вечер на руска музика“.
Ќе настапуваат млади македонски музичари и рускиот ансамбл „Квинтет на четворица“ со солистката Олга Нефедова, а во програмата ќе бидат застапени дела од руската класична и народна музика.
Ансамблот „Квинтет на четворица“ е формиран во 2009 година од страна на студенти на факултетот за народни инструменти на Санктпетербуршкиот конзерваториум. Учесниците на овој ансамбл се здружиле со заедничка идеја за враќање на „народните“ инструменти на широкиот круг слушатели, со изведување современа и актуелна музика. Тие свират кросовер, стил кој е популарен во сиот свет, мешајќи го со класични и со современи музички елементи.
Ансамблот „Квинтет на четворица“ успешно настапува ширум светот, за што е добитник и на повеќе награди. „Квинтетот од Четворица“ исто така тесно соработува со солистите од операта на Мариинскиот театар, а резултат на ваквата соработка се традиционалните новогодишни концерти под закрилата на продуцентскиот центар и на фондот на Леонид Захожаев.
Денес „Квинтетот на четворица“ е еден од најпрепознатливите ансамбли кои исполнуваат музика на народни инструменти. Необичното име на музичарите го објаснуваат мошне оригинално: во ансамблот секогаш има четворица, а петтиот учесник на Квинтетот е секогаш гледачот!
Настанот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на РФ во Македонија и МОБ.
Влезот е бесплатен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче