Руски патнички авион се урна во Египет

ТАСС
Египетските сили за безбедност го блокираа местото на падот на авионот, пренесуваат медиумите.

Остатоци од руски патнички авион се најдени во саботата во центарот на Синајскиот полуостров во Египет, соопштува порталот „Јоум7“.

Според податоците на порталот, египетските сили за безбедност го обезбедиле местото на падот. Од градот Ел Ариш на северот на Синај се упатиле околу 20 возила на брза помош за евакуација на жртвите во катастрофата.

Претходно извор во „Росавијација“ соопшти за РИА „Новости“ дека патничкиот авион  „Ербас 321“ на авиокомпанијата „Когалимавиа“, кој го реализирал летот 9268 меѓу Шарм ел Шеик и Санкт Петербург, полетал од Египет во 06:21 часот (според московско време) и исчезнал од радарите по 23 минути. Во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот.

Египетскиот интернет-портал „Масрави“, повикувајќи се на воени извори, соопшти дека воената авијација на Египет била алармирана и активирана за потрага по рускиот авион.

Подоцна агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека Египет го потврдил падот на авионот. Руската амбасада во Египет работи на разјаснување на случајот во врска со паднатиот „Ербас“, соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња