Реакции на светските лидери по повод падот на рускиот авион

По повод денешната авионска несреќа во Египет, до претседателот на РФ Владимир Путин почнаа да пристигаат телеграми со сочувство.

По повод денешната авионска несреќа во Египет, до претседателот на РФ Владимир Путин почнаа да пристигаат телеграми со сочувство, пренесува ТАСС.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд изрази сочувство до Русија, соопшти Елисејската палата.

„Франсоа Оланд ги изразува до претседателот на Русија Владимир Путин своите искрено сочувство во врска со катастрофата на патничкиот авион“, се вели во изјавата на Елисејската палата“.

„Јас веднаш изразив го до претседателот Путин своето сочувство по трагедијата што ѝ се случи на Русија. Го уверувам рускиот народ во солидарноста на Франција во врска со оваа катастрофа“, рече Франсоа Оланд.

Властите на Египет изразуваат длабоко сочувство до Русија и до семејствата на загинатите како резултат на катастрофата што се случи денеска на Синајскиот полуостров, се вели во изјавата на кабинетот на претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси.

Државниот секретар на САД Џон Кери исто така изрази сочувство до Русија. Ова тој го изјави во Бишкек во текот на прес-конференција.

„Денеска дознавме за исчезнувањето на руски авион што летал од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург. Деталите за авионската несреќа засега не се познати, но првичните информации велат дека тоа е голема трагедија за сите“.

Кери исто така потенцираше дека изразува најдлабоко сочувство до Русија и семејствата на сите загинати.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел во текот на телефонскиот разговор со претседателот на РФ Владимир Путин го изрази своето искрено сочувство во врска со падот на авионот на руската авикомпанија што резултираше со многубројни жртви, соопшти прес-службата на Кремљ.

Своето сочувство го изразија и претседателите на Азербејџан, Латвија, Белорусија, Полска Британија, Ерменија, Казахстан, Литванија, Естонија, како и генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, Советот на Европа и други организации.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.