Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека е длабоко потресен од авионската несреќа во Египет, пренесува НТВ.
„Длабоко сум потресен од несреќата на авионот „Ербас 321“ на авиокомпанијата „Когалимавиа“ на Синајскиот полуостров. Страшна трагедија ги однесе животите на луѓе кои беа полни со сила и планови. Ова е огромна ненадоместлива трагедија“, изјави Медведев.
Премиерот на РФ исто така на својот Фејсбук профил вети дека ќе биде спроведена темелна истрага за падот на авионот. Тој додаде дека на роднините на жртвите ќе им биде дадена поддршка.
„Околностите за настанот ќе бидат темелно истражени. И на сите погодени од оваа трагедија ќе им биде укажана неопходната медицинска, психолошка и друга помош”, истакна Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче