Која е компанијата чиј авион се урна во Египет?

Денес на Синајскиот полуостров во Египет се урна руски патнички авион од типот Ербас А321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“. Редакцијата на „Руска реч на македонски“ се обиде да дознае нешто повеќе за компанијата „Когалимавиа“ и за нејзиниот кредибилитет, како и да утврди дали постоеле претходни инциденти.

Денес на Синајскиот полуостров во Египет се урна руски патнички авион од типот Ербас А321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“. Според првичните податоци во авионот се наоѓале 224 патници и членови на екипажот. Се шпекулира дека под урнатините се слушале крици, но други извори, пак, велат дека сите патници и членовите на екипажот се загинати. Министерството за вонредни состојби веднаш отвори црвена линија за роднините на настраданите.

Во меѓувреме редакцијата на „Руска реч на македонски“ се обиде да дознае нешто повеќе за компанијата „Когалимавиа“ и за нејзиниот кредибилитет, како и да утврди дали постоеле претходни инциденти.

Авионската компанија „Когалимавиа“ (MetroJet) е руски авиопревозник, чија основна цел се чартер-летовите. Основана е на 17 мај 1993 година, а седиштето се наоѓа во Москва на аеродромот Домодеово. Пред три години, на 1 мај 2012 година, компанијата се ребрендирала и оттогаш го носи називот MetroJet.

Авиокомпанијата „Когалимавиа“ главно се занимава со превоз на патници до и од поголемите туристички места, кои најчесто ги посетуваат Русите. Во моментов нивните летови се одвиваат од повеќе градови во Русија кон Анталија, Барселона, Бургас, Даламан, Пардубице, Тиват, Хургада и Шарм ел Шејк. Компанијата во рамките на нетуристичките летови ги опслужува линиите од Когалим, Сургут и Нижневратовск за Москва, а исто така има летови за Анапа, Волгоград, Минераљние води, Ростов на Дон, Санкт Петербург, Симферпољ, Сочи, како и регионални телови за Баку, Киев итн.

Сите овие линии компанијата во моментов ги опслужува со два авиона од типот Ербас А320 и седум авиони од типот А321.

На „црниот список“ на компанијата досега имало 3 несреќни случаи (не сметајќи ја денешната трагедија), при кои загинале три лица. Сите несреќи се случувале при полетување и слетување на авионите, а причините не биле човечки фактор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.