САД ќе се согласат да укинат низа санкции против Русија доколку биде исполнета „Минската спогодба“, но делумни ограничувања важат сѐ додека Крим е во составот на РФ, изјави американскиот амбасадор во Москва Џон Тефт, пренесува „Взгљад”.
„Ние во повеќе наврати зборувавме дека дел од санкциите ќе биде укинат кога „Минската спогодба“ биде во целост имплементирана. Санкциите во врска со Крим ќе бидат на сила сѐ додека трае неговата окупација“, изјави Тефт, одговарајќи на прашања на корисници на социјалната мрежа „ВКонтакте”
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче