Русија презентираше во Виена список со сириски опозициски групи подготвени за соработка

Списокот содржи опозициски организации со кои Москва е подготвена да води преговори, а по потреба може да се дополни, соопшти заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.

Русија на состанокот на „квартетот“ за Сирија во Виена им предаде список со имиња на претставници на опозицијата кои можат да бидат поканети на средбите за регулирање на сириското прашање, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов, пренесува РИА „Новости“.

Според негопвите зборови, пред почетокот на состанокот руската страна им предала на своите партнери список со „имињата на практично сите групи од опозицијата со кои ние комуницираме, со кои сме подготвени да комуницираме, кои би можеле да ги поканиме на некакви меѓусириски средби“.

„Саудијците ни дадоа нивен список, Американците засега ветуваат“, изјави рускиот дипломат.

Според неговите зборови, на рускиот список има 38 имиња, меѓутоа, „може да се дополни“. „Списоците не се конечни. Ние сме со флексибилен пристап кон ова прашање. Најважно е исриската опозиција да сфати што сака и да усогласи некакви општи пристапи, да го усогласи составот на делегацијата која ќе ги промовира тие пристапи во текот на преговорите, како што се надеваме, со владата на Сирија, како што тоа и го предвидува „Женевското коминике“, потенцираше Богданов.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња