Путин формираше Руско ученичко движење

Цел на детско-младинската организација ќе биде подобрување на државната политика во областа на воспитувањето на генерацијата што доаѓа, како и поддршка во формирањето на личноста врз основа на систем на вредности својствени на руското општество.

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша указот за формирање серуска општествено-државна детско-младинска организација Руско ученичко движење. Соодветниот документ беше објавен во четвртокот, 29 октомври, на официјалниот портал за правна информација.

Движењето се формира за „подобрување на државната политика во областа на воспитувањето на генерацијата што доаѓа, како и поддршка во формирањето на личноста врз основа на систем на вредности својствени на руското општество.

Основач на движењето е федералната агенција „Росмолодеж“, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња