Песков: Киев треба да си го плати долгот

Русија како и претходно инсистира дека тоа не е приватен, туку државен долг, истакна портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Ставот на Москва за украинскиот долг нема никакви измени - Киев е должен да го исплати во дадениот рок, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.  

„Позицијата на Русија не претрпе никакви измени. Русија, како и претходно, инсистира дека тоа не е приватен, туку суверен, државен долг кој треба да биде исплатен. Украинската страна има таква обврска, таа треба да се реализира“, изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Украина нема да ја сервисира својата државна задолженост спрема Русија, доколку Моксва не се согласи на нејзина реструктуризација. Во тој случај Киев ќе објави мораториум на исплата на долгот, истакна тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.