Состојбата на руската економија, без оглед на кризата во светот, е стабилна и предвидлива, смета премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
"Се разбира, овие процеси се одразуваат на ситуацијата во нашите земји. Русија треба да се спротивстави на негативното влијание на фактори како што се падот на цените на нафтата, надворешниот притисок со санкции, на затворањето на пазарите на капитал и технологија. Но, ние имаме јасен план за акција. Благодарение на неговата доследна примена состојбата на руската економија денес е стабилна и предвидлива“, рече Медведев на состанокот на шефовите на влади ЗНД во Душанбе.
Според неговите зборови, денес во светската економија се случуваат длабоки трансформации. „Тие се придружени со појави на криза како во развиените, така и во земјите во развој. И проблемите вторите водат кон сѐ потешки последици." - изјави тој.
Тој потсети колку остро глобалниот финансиски пазар и економиите на некои земји од ЗНД реагирале на флуктуациите на кинеските берзански индекси и на девалвацијата на јуанот.
Во исто време, Медведев го истакна во целина сериозното забавување на економската соработка во ЗНД. „Обемот на трговската размена меѓу Русија и земјите од Заедницата (на независни држави) во првите осум месеци од оваа година во долари се намали за повеќе од една третина – за 35,6%," - рече тој.
Со цел да заживее економската активност во Заедницата и да се намали зависноста од надворешните пазари, „ние треба да дејствуваме заедно“, рече рускиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче