Од денес, во организација на Македонско-Руската стопанска комора, во Скопје се одржува дводневен семинар под името Семинар за законска регулатива, правила и прописи за извоз на млеко и млечни производи, месо и месни производи во Руската Федерација и Евроазиската Царинска Унија, на кој присуствуваат претставници на компании од македонската млечна и месна индустрија. Семинарот го отвори Извршниот директор на Македонска-Руска стопанска комората, Дејан Бешлиев, кој говореше за значењето на информираноста и едукацијата во процесот на подготовките со што се скратува патот до успехот и посакуваните резултати.
Во рамките за семинарот, од страна на предавачи од А-ЦЕРТ, – официјална сертифицирана агенција на "Россељхознадзор", учесниците се запознаваат со законската регулатива, процедурите, правилата и прописите како и со сите детали со кои компаниите ќе се сретнат во пракса при извозот на млеко и млечни производи, месо и месни производи на рускиот пазар и пазарите на Евроазиската Царинска Унија. Целодневните активности покрај предавањата предвидуваат дискусии по посебни теми, а сите учесници ќе добијат сертификат за посета на семинарот.
Македонско-Руската комора, која во дел на активностите е насочена кон зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација, оценува дека со воведување на семинари и обуки, македонските компании поединечно ќе се стекнат со дополнителни придобивки и ќе бидат подготвени за планско и ефикасно постигнување на зацртаните цели, што ќе се одрази на целокупната слика со зголемување на финансиските резултати од извозот на македонски производи во Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче