САД ќе го проверат „фундаменталниот избор“ на Русија во Сирија

САД ќе проверат дали Русија има намера да го поддржи претседателот на Сирија Башар Асад или ќе ги „решаваат проблемите“ во регионот, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

„Фундаменталниот избор се состои во тоа дали Русија има намера да го поддржува Асад или да помага за решавање на проблемите“, изјави државниот секретар на САД Џон Кери настапувајќи во Вашингтон. Тој додаде, „ќе го провериме тоа“, пренесува „Взгљад“.

Кери исто така изјави дека „поголемиот дел од руските бомбардирања не се насочени против „Исламската држава“, туку против противниците на режимот на Асад“. 

„На наш поглед, тоа не е патот што ќе доведе до решение“, истакна тој.

Државниот секретар додаде дека „веројатен резултат од таа стратегија ќе биде радикализација на ситуацијата“. Според неговите зборови, „тоа ќе биде дел од дискусијата што ќе ја имаме во Виена“ подоцна неделава.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња