Потпишан меморандум за деловно техничка соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Македонско-Руската стопанска комора

Во четвртокот, 29 октомври, во Скопје, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Македонско-Руската стопанска комора е потпишан Меморандум за деловно-техничка соработка.

Во четвртокот, 29 октомври, во Скопје, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Македонско-Руската стопанска комора е потпишан Меморандум за деловно-техничка соработка.

Меморандумот го потпишаа Директорот на Агенција за храна и ветеринарство на РМ - Зоран Поповски и Претседателот на Македонско-Руската стопанска комора - Ѓорѓи Дика, во присуство на претставници на македонски компании од млечната и месната индустрија кои претходно беа посетени од страна на инспекциските служби на „Россељхознадзор“ (Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација).  

"Меморандумот е резултат на остварената соработка и потребата од усовршување на компаниите и инспекциските служби во однос на руските законски прописи и правила", изјави Ѓорѓи Дика, кој истакна дека овој меморандум ќе придонесе за значајно зголемување на соработката помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и членките на Македонско-Руската стопанска комора во правец на развој на трговско-економските врски со Руската Федерација".

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.