Пентагон: Американски ловци пресретнаа руски Ту-142 во Јапонското море

Според зборовите на претставник на Пентагон, на 27 октомври во Јапонското море два руски Ту-142 се приближиле до носачот на авиони „Роналд Реган“, по што во пресрет им полетале четири американски Ф-18.

Пентагон изјави дека од носачот на авиони „Роналд Реган“ на 27 октомври полетале авиони-ловци за да пресретнат два руски противподморнички авиони Ту-142 во Јапонското море.

„Можам да потврдам дека два руски Ту-142 „Bear“ се приближија до носачот на авиони „Роналд Реган“ утрото на 27 октомври. „Роналд Реган“  оперираше во Јапонското море. Од „Роналд Реган“ полетаа во пресрет четири вооружени авиони Ф-18“, соопшти за РИА „Новости“ во четвртокот претставникот на Пентагон командирот Бил Урбан.  

„Најблиската точка на доближување на двата руски Ту-142 со „Роналд Реган“ изнесуваше 1 морска милја на висина од 500 стапки (152 метри)“, додаде претставникот на Пентагон. Според неговите зборови, таквото доближување се оценува како „безопасно“.  

Ту-142 (според класификацијата на НАТО „Bear-F“) е советски и руски противподморнички авион со голем домет. Фактички во руската Воена морнарица се користи за океанско извидување со голем домет, за дежурства во системот на спасувачките служби, а дури потоа за откривање и следење подморници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња