Шефот на ФСБ повикува на зајакнување на границите поради заканата од ИД

Пред сѐ, потребно е зајакнување на надворешната граница на ЗНД во Централна Азија, изјави шефот на ФСБ Русија Александар Бортников.

Шефот на ФСБ на Русија Александар Бортников на отворањето на 39 заседание на Советот на раководители на органите за безбедност и специјални служби на земјите-членки на Заедницата на независни држави повика да се зајакнат границите на ЗНД, особено во Средна Азија, поради заканата од „Исламската држава“, пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, потребно е да се држи под постојана контрола движењето на приврзаниците на терористичките идеологии во рамките на ЗНД и потесно да се координираат за пресекување на маршрутите на движење на борците во зоните на конфликтот и назад.  

Бортников исто така нагласи дека одделни светски држави со помош на „Исламската држава“ го довеле светот до граница на глобален верски и цивилизациски конфликт, преполн со катастрофални последици.

Според негова проценка, проектот „Исламска држава“ се изродил од „арапската пролет“ и „добил сила благодарение на двојната политика на одделни светски и регионални држави“ кои на тој начин се обидувале да ги решат своите сопствени задачи.

Во редовите на „Исламската држава“ војуваат 40% наемници од преку 100 земји во светот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња