Руската авијација во Сирија го зголеми бројот на борбени летови

Во последните 24 часа руските борбени авиони во Сирија извршија 71 борбен лет и напади врз 118 објекти на терористите.

Руската воена авијација во Сирија го зголеми бројот на борбени летови поради зголемениот број потврдени податоци од разузнавачки извори за инфраструктурните објекти на терористите, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, а пренесува „Взгљад”.

Според Конашенков, авио-групата на Воздушно-космичките сили на РФ во текот на изминатите 24 часа извршила 71 борбен напад врз 118 објекти на терористите во Сирија.

Конашенков исто така соопшти дека руските бомбардери Су-24М уништиле команден центар на терористите и голем магацин за муниција во сириската провинција Латакија.

Освен тоа, руската борбена авијација извршила напади врз камуфлирани и резервни бази на терористите во Сирија.

„Нападите се извршени врз откриена инфраструктура на терористите која претходно била напуштена и внимателно камуфлирана. Тоа се пред сѐ бази, упоришта и пунктови за претовар, како и командни центри”, изјави Конашенков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња