Русинки во симулација на лет до Месечината

Шест Русинки ќе поминат осум дена во тесен простор заради симулација на лет на Месечината.

Експериментот ќе почне на 28 октомври, а би требало да заврши на 4 ноември под надзор на Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките.  

Експериментот „Луна-2015“ (Месечина 2015) симулира осумдневно патување од Земјата до Месечината и целта е да се тестира психологијата и физиологијата на женскиот организам, пишува агенцијата „Спутник“.

Десет волонтерки на постдипломски студии се подготвуваат за тестот, но ќе учествуваат само шест најдобри.  

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави дека Русија планира да ја испрати на Месечината својата прва мисија со човечки екипаж во 2029 година.

Подготовката за мисијата е вклучена во Федералната вселенска програма на Русија за 2015-2016 година, соопшти во средата првиот човек на „Роскосмос“ Игор Комаров, пренесува РИА „Новости“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња