На средбата со вице-канцеларот на Германија Зигмар Габриел, претседателот на РФ Владимир Путин, зборувајќи за проблемот со бегалците во Европа, потенцираше дека спроведувањето на воената операција во Ирак, против која се заложила единствено Германија, ја дестабилизирало ситуацијата во регионот. Потоа проблемот со бегалците станал реален.
„Денес, кога целиот свет, особено европските земји, се судираат со проблемот со бегалците, веројатно, ќе биде умесно да се потсетиме на позицијата на владата на Германија, која активно се спротивставуваше на воената операција во Ирак. И навистина, откако се спроведе таа операција, беа дестабилизирани други земји во регионот, се појави опасност. Потоа таа опасност прерасна во реален проблем со бегалците“, изјави Путин, а пренесува „РТ“.
„Нашата позиција ви е добро позната, таа се состои во тоа што, за да се надмине овој проблем, потребно е да се даде поддршка за зајакнување на државниот систем онаму каде што сѐ уште е останат, да се помогне во обновата на државните структури онаму каде се обновуваат, и да се помогне (...) на процесот за политичко решение за сите спорни прашања, вклучително и во Сирија“, изјави претседателот Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче