Екстремистите се обидуваат да ги искористат Блискиот Исток и северна Африка како база за дестабилизација на други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот на раководители на безбедносните и разузнавачките служби на земјите-членки на ЗНД, пренесува „Взгљад”.
„Посебна опасност денес претставува сѐ поголемата терористичка активност, спојувањето на радикалните групи со транснационалниот организиран криминал. Исклучителна загриженост предизвикува ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка”, рече рускиот лидер.
Според неговите збороци, „терористите се обидуваат да го искористат овој регион како база; регрутираат и обучуваат нови милитанти кои можат да бидат искористени за дестабилизација на други држави“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.