Операцијата во Сирија го зголеми интересот за Су-34

Квалитетот на авионот Су-34, потврден во воздушната операција во Сирија, поттикна поголемо производство и пораст на извозот, изјави заменик-губернаторот на Новосибирската област Сергеј Сjoмка.

Операцијата на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија доведе до потпишување нови договори за извоз на борбени авиони Су-34 произведени во Новосибирск, соопшти заменик-губернаторот на Новосибирската област Сергеј Сјомка, пренесува „Взгљад”.

„Токму квалитетот, потврден во воздушната операција во Сирија, поттикна да се зголеми бројот на договори за извоз на воени авиони. Токму квалитетот на руското оружје. Се појавија нарачки, понуди за склучување договори“, рече Сјомка.

Соред неговите зборови, оваа година, како и минатата, новосибирската фабрика на корпорацијата „Сухој” планира да произведе 16 авиони Су-34.

Тој исто така соопшти дека во периодот од јануари до септември 2015 година во целиот регион обемот на производството од страна на одбранбената индустрија се проценува на 42 милијарди рубли (65% од годишниот план).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.