Тужбата на Турција во Арбитражниот суд против „Гаспром“ е нормална пракса, а руската компанија не отфрла и предсудско регулирање на спорот, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на „Гаспром“ Сергеј Купријанов.
„Поднесување тужба за арбитража е една од варијантите предвидени со договорот. Тоа е нормално. Останува можноста како за предсудско регулирање на спорот, така и со арбитража“, ги коментираше Купријанов изјавите на властите на Турција за поднесувањето тужба до Арбитражниот суд во Стокхолм по повод цените за рускиот гас.
Претходно агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на Министерството за енергетика на Турција, пренесе дека турската компанија „Ботас“ го известила „Гаспром“ за поднесувањето тужба поради цената на гасот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче