Рускиот претседател Владимир Путин даде „зелено светло” за почеток на изградбата на гасоводот „Ухта-Торжок-2”, со кој ќе се испорачува гас до извозниот гасовод „Северен тек 2”, пренесува РИА „Новости”.
„Овој проект ќе отвори нови работни места во сите пет региони низ кои ќе поминува гасоводот и ќе создаде дополнителни можности за прилив на даночните приходи во локалните буџети. Најважно е што оваа траса, која претставува нов развој на магистралните гасоводи во земјата, ќе создаде дополнителни можности за снабдување со гас на регионите во РФ и нови можности за проширување на извозот“, рече Путин.
„Ова е серозен, голем проект со повеќе делници кој заслужува особено внимание и од компанијата „Гаспром“ и од руската вада, рече рускиот претседател.
Моќноста на гасоводот „Ухта-Торжок-2” ќе биде 45 милијарди кубни метри годишно. „Гаспром” веќе ја подготви документацијата за работа за линеарниот дел од гасоводот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.