Министерството за одбрана на РФ ја потврди смртта на руски војник во Сирија

Министерството за одбрана на РФ соопшти за смртта на професионален војник во Сирија. Војникот не учествувал во борбените дејствија, туку извршил самоубиство.

Министерството за одбрана на РФ соопшти за смртта на руски војник во Сирија. „Од Министерството за одбрана на Русија го потврдија загинувањето на професионален војник како резултат на самоубиство во авиобазата „Хмејмим“, се вели во соопштението на прес-службата на Министерството. Познато е дека војникот (неговото име не се наведува) бил на служба како технички специјалист, не учествувал во борбените дејствија и се самоубил додека одморал по дежурство.

„Според првичните информации, добиени меѓу другото и врз основа на анализа на СМС-пораките во неговиот телефон, причина за смртта на професионалниот војник се нарушените лични односи со девојката“, исто така сметаат во Министерството за одбрана.  

Претходно за смртта на војник во Сирија соопшти блогерот Руслан Левиев кој се занимава со приватни истражувања за работата на руските војници. Информацијата за смртта тој ја видел од профилите на социјалните мрежи на познаниците и роднините на војникот. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, од своја страна, изјави дека Кремљ не знае за смртта на војникот и предложи да се провери таа информација во Министерството за одбрана.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.