Министерството за одбрана на РФ ќе ги смета изјавите за нападите на руската авијација врз цивилни објекти во Сирија за информативни „измислици“ доколку странските претставници не поднесат докази за спротивното во текот на следните неколку дена, изјави во вторникот заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов по средбата со воените аташеа на странски земји.
Според неговите зборови, МО РФ ќе спроведе детална истрага за сите изјави за наводно разрушени болници, џамии, училишта, како и за загинување на цивилно население како резултат на активностите на руската авијација, пренесува РИА „Новости“.
„Ако не бидат презентирани докази, и ако не бидат доставени официјални деманти, тогаш ќе сметаме дека овие антируски „измислици“ се дел од информативната војна против Русија“, рече Антонов.
Во МО РФ сметаат дека неколку дена ќе бидат доволни за разјаснување и доставување на потребните објаснувања на наведениот случај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче