Причини за растот на тероризмот и екстремизмот на Блискиот Исток се грубите обиди за „геополитички инженеринг“ кои ги срушија државните институции и механизмите за осигурување на безбедноста во регионот. Ова го изјави во вторникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, говорејќи на Глобалниот универзитетски самит на БРИКС.
„Заострувањето на оваа закана на Блискиот Исток и на северот на Африка се случи поради ослабувањето, вклучувајќи и поради грубото мешање однадвор, на државните институции во цела низа земји на регионот“, изјави Лавров. „Обидите за реализација на „геополитички инженеринг“, соборување на непогодните режи,и доведоа до крах на механизмите за осигурување на безбедноста, хаос, анархија, ризик за распад на државите и заземање на нивните територии од страна на терористите“.
Како што наведе шефот на руската дипломатија, „во сегашната немирна ситуација во светските работи треба да се договараме, да бараме компромиси кои единствено можат да создадат долгорочен стабилен систем на односите во секоја сфера“. „Настаните од последно време јасно потврдуваат дека колективните дејствија, откажувањето од трката за унилатерална добивка на штетата на партнерот се способни да доведат до прогрес во решавањето на дури најсложените и најзамрсени проблеми на современоста“, пренесуваТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче