Лавров апелира Европа да извлече правилен заклучок од настаните во Украина

Според зборовите на шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, потребно е да се создаде единствен економски простор во Евроатлантикот.

Москва ја повикува Европа да извлече правилен заклучок од настаните во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на заедничката седница на министерствата за надворешни работи на Русија и Белорусија.  

„Од драматичните настани во Украина треба да се извлече правилен заклучок и да почне да се работи на формирање единствен економски и либерален простор од Лисабон до Владивосток кој ќе се потпира на принципи на еднаква и неделива безбедност и широка соработка“, изјави министерот. „Во рамките на големиот проект може да биде обезбеден прогресивен развој на сите држави без исклучок на нашиот заеднички континент“.

„Ние континуирано поаѓаме од тоа дека најважна компонента на работата во таа насока е прогресивната хармонизација на процесите на европската и евроазиската интеграција“, истакна Лавров. „Денеска ќе ја разгледаме заедно со белоруските пријатели можноста за меѓусебно корисен дијалог меѓу ЕАЕС и ЕУ“.

Сметаме дека за зближување на ЕАЕС и ЕУ постојат сите неопходни предуслови, вклучувајќи ја приврзаноста кон единствените правила за трговија. Неодамна беше даден соодветен предлог до Брисел од страна на Евроазиската економска комисија. Се надеваме дека ќе добие конструктивна реакција од страна на Европејците“, додаде министерот Лавров, а пренесува ТАСС.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.