Украина нема да го врати државниот долг спрема Русија ако Москва не се согласи на негова реструктуризација. Ова го изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук во интервјуто објавено во понеделникот во германскиот весник „Ханделсблат“, пренесува ТАСС.
„Ќе објавиме мораториум на исплатата на долгот и нема да го сервисираме кредитот“, изјави Јацењук. Тој потенцираше дека Украина „не може да се однесува спрема Русија на поинаков начин како спрема останатите меѓународни кредитори.
„Ние ѝ ги нудиме на Русија истите услови. Рокот за постигнување договор е 29 октомври“, истакна тој.
Тој исто така го нарече кредитот што Москва му го даде на Киев „реално мито од Русија“, кој поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, според неговото тврдење, го добил за да го запре потпишувањето на спогодбата за асоцијација со ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче