Конкуренцијата на светскиот пазар на оружје видливо се заостри, претпријатијата во сферата на одбраната од Русија се судрија со нелојална конкуренција од Западот, изјави претседателот на РФ Владимир Путин отворајќи ја седницата на комисијата за воено-техничка соработка со странски држави.
„Конкуренцијата на светскиот пазар на оружје и воена техника во последно време забележително се заостри, макар што секогаш оваа сфера била и останува мошне конкурентна. Тоа го почувствуваа на себе и нашите одбранбени претпријатија кои во тековната година се судрија со нелојална конкуренција од некои западни компании и земји. Да се работи во услови на политички мотивирани санкции, се разбира, е двојно посложено“, рече Путин.
Истовремено, истакна претседателот на РФ, оваа ситуација не е уникална, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче