Песков: Соопштенијата за цивилни жртви во Сирија се „новинарска патка“

Последниве недели се забележуваат голем број дезинформации во медиумите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги нарече последните соопштенија на медиумите за смртта на невини Сиријци во нападите на руската авијација во Сирија уште една „новинарска патка“, пренесува „Взгљад”.

„Знаеме дека постои голем број соопштенија, новинарски патки, намерни пуштања (на дезинформации), така да речам, за последиците од воздушните операции што ги спроведуваат руските Вооружени сили. Последниве неколку недели забележавме голем број такви“, рече Песков.

Тој потсети дека Министерството за одбрана на РФ во повеќе наврати нагласило дека во текот на одбирањето на целите во Сирија „се дава приоритет на тоа да не му се наштети на цивилното население“.

„И нашата војска во повеќе наврати истакна дека терористите го злоупотребуваат токму тој многу внимателен пристап и често се кријат во станбени подрачја. И во овој случај (руските војници) свесно не нанесуваат удари врз населени места“, рече портпаролот Песков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња