МНР РФ: Русија има канал за врска со Талибанците

Талибанците не ја исклучуваат можноста за соработка со Русија „во зависност од развојот на сценариото на Блискиот Исток“, соопштува американски „Дејли Бист“.

Русија има канал за врска со Талибанците за пренос на информации кога на Москва ѝ е потребно, соопшти за РИА „Новости“ специјалниот претставник на претседателот на РФ за Авганистан, директор на Вториот оддел за Азија на МНР РФ Замир Кабулов.

Претходно во понеделникот американското издание на „Дејли Бист“, повикувајќи се на неименуван претставник на военото раководство на Талибанците, соопшти дека движењето „Талибан“ не ја исклучува можноста за соработка со РФ „во зависност од развојот на сценариото на Блискиот Исток“, земајќи ги предвид сегашните активности на САД и заканата од страна на „Исламската држава“.  

„Имаме канал за врска со Талибанците кога сакаме да им пренесеме нешто, а на што мисли „Дејли Бист“, не знам... Канал за врска постои“, рече Кабулов.

Дипломатот притоа не сакаше да открие какви било детали, пренесува РИА „Новости“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.