Москва ја смета за „многу чудна“ изјавата на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во протестите во оваа земја и се надева дека ќе надвладеат здравиот разум и трезвената проценка во однос на Москва, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, а пренесува „Взгљад”.
„Навистина, кон крајот на минатата недела имаше такви изјави. Тие се цитирани во медиумите, меѓутоа, ги третирам исто како и вие: вие самите рековте дека ова е многу „чудна изјава“, рече Песков, одговарајќи на барањето да ги прокоментира изјавите на премиерот на Црна Гора.
„Постојано да се бара некаков ѓавол и притоа да се продолжува со демонизација на Русија е веќе позната забава на многу држави, но ние и понатаму се надеваме дека ќе надвладеат здравиот разум и трезвената проценка“, истакна Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче