Шефот на разузнавањето на ВДВ со споредба меѓу специјалците на Русија и НАТО

Основните разлики меѓу специјалните сили на Русија и НАТО се состојат во целите и начините за нивно постигање, изјави шефот на разузнавањето на ВДВ Русија генерал-мајор Олег Пољгуев.

„Подготовката на припадниците на единиците за специјална намена (СПЕЦНАЗ) на Русија е пожестока отколку во земјите на НАТО, иако вториве имаат технолошка предност во оружје и специјални средства. Рускиот „Спецназ“ е добро обучен и може да го применува практично секое странско оружје. Важно е што нашите можат да војуваат индивидуално, додека странските специјалци повеќе се потпираат на тим“, додаде Пољгуев.

Според неговите зборови, во борба гради во гради рускиот специјалец е најдобриот војник на светот, пренесува „Взгљад“ повикувајќи се на  „Рускаја служба новостеј“.

„Нашите борци поминуваат повеќе време во тренирање од кои било други специјалци во светот. Освен тоа, нашиот „Спецназ“ го обучуваме да користи не само методи на совршено убиство, туку и на боречки вештини: бокс, џудо и други техники“ изјави тој.

Притоа Пољгуев призна дека „странските специјалци се подобро ориентирани, нив ги обучуваат со методи на специјално воено разузнавање“.

24 октомври е прогласен за Ден на единиците за специјална намена во Русија. По тој повод, Министерството за одбрана на РФ на својот „Јутјуб“ канал објави видео во чест на овие единици.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња