На состанокот во Виена министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и шефот на јорданската дипломатија Насер Џода се договорија за координација на воените акции во Сирија. Двете земји имаат намера да разменуваат информации за изведувањето на антитерористичките операции. Јорданската воздушна кампања почна уште во септември минатата година под покровителство на коалицијата предводена од САД. Сепак, договорот постигнат во Виена ги приближува акциите на Аман и Москва, пишува Хавиер Колас во „Ел Мундо“, а пренесува „Спутник“.
Авторот на статијата тврди дека Кремљ ја одиграл улогата на „воен адут“ во Сирија. Вашингтон разбира дека ако ѝ дозволи на Русија да стане главен херој во решавањето на сириската криза, тоа ќе значи дека Путин ќе добие можност да се рехабилитира на меѓународната сцена, по „казнувањето“ од страна на САД и Европа за „улогата во војната“ во Украина. Без оглед на незадоволството од некои акции на Москва на територијата на Блискиот Исток, дури и Саудијците, кои бараат итна смена на Асад, размислуваат за Русија во својство на партнер.
Некои аналитичари сметаат дека Москва и Вашингтон водат „војна на растојание“ во Сирија: војската на Асад добива руска поддршка од воздух за уништување на бунтовниците, од кои дел беа обучувани и вооружени од ЦИА. Истовремено, додека Русија ѝ се радува на ефикасноста на своите акции, коалицијата на САД во војната против тероризмот за последните година дена не доби ништо. Сепак, Вашингтон продолжува да го тврди спротивното, уверувајќи дека нападите на Москва не се насочени кон реоните каде што се наоѓаат позициите на ИД, заклучува „Ел Мундо“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче