Во интервјуто за водителот на програмата на „Би-Би-Си“ „Хард Ток“ Стивен Сaкур, одговарајќи на репликата дека НАТО ја гледа Русија како закана, Песков рече: „Тоа, за жал, е апсолутно заемно чувство и тоа нѐ принудува да преземеме некои мерки за да ја обезбедиме нашата сигурност соочени со многу непредвидливото однесување на НАТО“.
„Лично јас никогаш не сум мислел дека моите деца ќе ја слушнат истата реторика што доаѓа од НАТО каква што слушав во 1970-те години. За жал, тоа се случи“, пренесува „Взгљад“.
„Многу ни е жал што така се случи, но ние не бевме земјата која ги блокираше сите контакти меѓу Москва и НАТО, ние не бевме земјата која реши да го замрзне целиот дијалог, целата соработка меу Вашингтон и Москва и меѓу Лондон и Москва, и ние не почнавме да водиме дијалог со јазик на санкции“, рече Песков.
Во септември заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк изјави дека „соочени со тоа (руско) непредвидливо однесување, НАТО, европската заедница и САД треба повторно да одговорат заеднички за да ги зачуваат мирот и безбедноста“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче