На интернет може да се најде репортажа на португалска телевизија за неуспешното истоварување на американските маринци: „хамерите“ заглавија во песокот и го блокираа патот за останата техника.
Епскотo истоварување се случило на атлантскиот брег во близина на селото Грандола во текот на вежбите на НАТО, пишува „Росијскаја газета“ на својот специјален портал „Руско оружје“.
Судејќи по несигурноста на американските маринци, тие не ја предвиделе ваквата ситуација. Војниците се обидуваат да ги спасат „хамерите“ од ненадејно „заробеништво“, удирајќи ги по тркалата. Тие седнуваа во кабината, потоа излегуваа и го туркаа возилото, меѓутоа, без успех. Одделни војници се изморија и легнаа на песокот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче