Концернот „Калашников“ (дел од државната корпорација „Ростех“) ја испорача на Министерството за одбрана на Русија првата партија на наведуваните ракети „Виор-1“ (Вихрь-1).
Наведуваната ракета „Виор-1“ е наменета за уништување оклопна техника, како на воздушни цели кои постигнуваат мала брзина. Максималниот дострел ѝ е до 10 км, а може да се лансира од височина до 4 илјади метри.
Ракетата „Виор-1“ е опремена со систем за наведување и автоматски систем за следење на целта по схемата „стрелај и заборави“. Операторот ја открива на термовизискиот екран целта, врши нишанење и го активира режимот за автоследење на целта. Системот самиот ја лансира ракетата по достигнувањето на дозволената далечина.
Системот со ласерски зраци за наведување на ракетата има мала моќност на зрачење и не може да биде откриен од средствата за ПЕБ на противникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче