„Росијскаја газета“: Терористички напади на границата со Крим можат да доведат до нов Чернобил

Наглото исклучување на потрошувачите поради техничката специфичност на атомските централи може да доведе до хаварија, а во најлош случај, до катастрофа како во Чернобил или Фукушима.

Експлозиите на далноводот во Херсонската област на границата со Крим продолжуваат: изминатите два дена имаше три обиди, но бетонските столбови издржаа, а компанијата „Укренерго” објави дека електричната енергија се испорачува на Крим „според планот и без никакви ограничувања”, и покрај махинациите на „непознати лица“, пишува „Росијскаја газета”.

Меѓутоа, никој не може да гарантира дека „непознатите лица“ нема конечно да ја остварат својата цел. А пред сѐ полицијата на Херсонската област, на чие чело е лице од забранетиот во Русија „Десен сектор“.

Повиците Крим да биде без струја додека не проработи енергетскиот мост меѓу полуостровот и Краснодарскиот крај доаѓаат од лидерите на таканаречениот кримско-татарски Меџлис, од милитантите на „Десен сектор“ и нивните симпатизери кои продолжуваат со блокадата на Крим.

Меѓутоа, многу поопасно е тоа што се оди и на обид да се прекинат далноводите со поставување експлозивни направи. Наглото исклучување на потрошувачите, поради техничката специфичност на атомските централи може да доведе до хаварија, а во најлош случај, до катастрофа како во Чернобил или Фукушима.

Сепак, оние кои се занимаваат со енергетика знаат дека блокадата наскоро ќе ја изгуби својата смисла: во Керченскиот мореуз веќе работат два кинески брода кои до декември треба да ја постават првата делница од енергетскиот мост која ќе дава дневно 300-400 мегавати струја, додека до летото идната година потребата на Крим од електрична енергија од 850 мегавати ќе биде задоволена во целост.

Во меѓувреме, блокадата со храна е безуспешна, затоа што Турција почна со директна испорака на овошје и зеленчук за Крим, оставајќи ги земјоделците од југот на Украина без пазар. Затоа многумина во Украина треба да се запрашаат: „Во интерес на која држава работи Меџлисот?“

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.