Важноста на санкциите против Русија непосредно зависи од реализацијата на „Минската спогодба“, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел.
„Ако реализацијата на „Минската спогодба“ трае подолго, тогаш и санкциите во иднина ќе ги разгледуваме во врска со „Минската спогодба“, изјави Меркел за новинарите во петокот, пренесува РИА „Новости“.
Меркел е убедена дека на Украина ѝ се потребни цврсти економски врски како со Европската унија, така и со Русија. Таа исто така потсети на официјалната позиција на Германија, според која договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина „не беше насочен и не е насочен против Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче