ИД ќе соборува руски авиони со бомби од презервативи

Терористите од ИДИЛ почнаа да создаваат бомби од презервативи, обидувајќи се на тој начин да ги соборуваат руските авиони во Сирија.

Терористите од ИДИЛ почнаа да создаваат бомби од презервативи, обидувајќи се на тој начин да ги соборуваат руските авиони во Сирија, пишува британски „Дејли Стар“, а пренесува „ТВ Ѕвезда“.

 

Весникот објави соодветна видео-снимка со коментар дека терористите ги нарекуваат своите „пронајдоци“ со името „гумениот Џони“. На секој таков „гумен Џони“ од двете страни се прицврстува експлозив. Презервативите потоа ги пуштаат да летнат во воздух, каде и експлодираат. Најверојатно претходно ги полнат со хелиум.

 

На видеото што го објави „Дејли стар“ се гледа дека терористите од „Исламската држава“ произведуваат такви бомби во огромен број. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња