Црноморската флота ќе добие нова подморница со ракети „Калибар”

Освен подморниците кои се опремени со ракетите „Калибар”, Црноморската флота ќе го засили својот состав и со новите мали ракетни бродови „Серпухов” и „Зељониј Дол” од проектот 21631 (шифра Бујан-М), кои исто така се опремени со ракетниот систем „Калибар”.

Новата дизел подморница „Ростов на Дон” од проектот 636.3 „Варшавјанка”, вооружена со крстосувачките ракети „Калибар”, ќе ѝ се приклучи на Црноморската флота. Две подморници од овој тип („Новорисијск” и „Стари Оскол”) веќе се дел од нејзиниот состав.

Подморниците од проектот „Варшавјанка” во составот на Црноморската флота треба да обезбедат контрола над морето и по потреба можат да водат борба со површински и подводни непријателски сили.

Проектот 636.3 е нова серија подморници за руската морнарица, произведена врз основа на унапредувањето на решенијата кои лежат во основата на проектот 636М. Подморниците се опремени со нов систем за навигација и современи автоматски информациско-команден систем, како и со ново вооружување: ракетниот систем „Калибар”-ПЛ, ракетниот систем со противбродски (3М54) и противподморнички (91Р) ракети, како и со крстосувачки ракети 3М14 за напад врз објекти на копно.

Освен подморниците опремени со ракетите „Калибар”, Црноморската флота својот состав ќе го засили и со новите мали ракетни бродови „Серпухов” и „Зељониј Дол” од проектот 21631 (шифра Бујан-М), кои исто така се опремени со ракетниот систем „Калибар”. Токму бродовите од овој тип во Каспиското езеро на почетокот на октомври успешно лансираа ракети 3М14 „Калибар“ врз позициите на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.