Русија смета дека главна причина за катастрофата на „Боингот“ над Украина е тоа што Киев при спроведувањето воена операција со авијацијата и ПВО не го затворил воздушниот простор, ја пренесува ТАСС изјавата на портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.
„Според мислењето на руската страна, главна причина за катастрофата е тоа што украинските власти, применувајќи во зоната на конфликт авијација, тешко вооружување и ПВО, не го затворија воздушниот простор, како што бараат меѓународните норми“, изјави таа.
Покрај тоа, Захарова прецизираше дека целосната одговорност на Украина за тоа што не го затворила воздушниот простор е единствената точка од холандскиот извештај со кој Русија е подготвена да се согласи. Сѐ друго, според нејзините зборови, не соодветствува со реалноста.
Претходно од руското МНР изјавија дека Русија ќе ѝ предложи на Холандија обнова на истрагата за катастрофата на малезискиот „Боинг“ MХ17, пишува „Газета.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче