Путин ќе ја коригира стратегијата за национална безбедност

Новата редакција на Стратегијата за национална безбедност на РФ треба да му биде доставена за разгледување на претседателот Владимир Путин до крајот на оваа година.

Претседателот на Русија Владимир Путин донесе одлука да изврши корекција на Стратегијата за национална безбедност на РФ, соопшти прес-службата на Советот за безбедност на РФ, а пренесува РИА „Новости“.

Коригираната стратегија за национална безбедност на РФ треба да обезбеди континуитет на државната политика во оваа сфера.  

„Претседателот на Русија донесе одлука да направи корекција на Стратегијата за национална безбедност со обезбедување на континуитет на државната политика во сферата на националната безбедност, како и на системот на националните интереси и стратешките национални приоритети“, се вели во соопштението.

Коригираната редакција на Стратегијата треба да му биде доставена на разгледување на шефот на државата до крајот на тековната година.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња