Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека Русија ги поддржува протестите на црногорската опозиција за да ја запре интеграцијата на земјата во НАТО.
„Нема повеќе никакво сомнение дека по двете соопштенија на руското министерство за надворешни работи дека руската политика се наоѓа на страната на организаторите на протестите“, изјави Ѓукановиќ во интервју за федералната телевизија на БиХ.
Според неговото мислење, Русија сака да ги запре на патот кон НАТО не само Црна Гора, туку и целиот балкански регион, пренесува РИА „Новости“.
„Запирањето на процесот на проширување на НАТО на Балканот е официјална цел на руската државна политика и затоа денес ние треба директно да заклучиме дека организаторите на протестите во Црна Гора имаат многу силни потпорни точки во определени политички центри, во определени економски и безбедносни центра и во друг вид центри надвор од границите на Црна Гора“, изјави Ѓукановиќ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче