Европската Комисија забрани вршење финансиски истражувања во полза на руски банки

Во документот, објавен на сајтот на Европската Комисија, се вели дека забраната се однесува на руски финансиски компании кои се наоѓаат на списокот со санкции на ЕУ.

Европската Комисија им забрани на европските финансиски организации да вршат истражувања за руски компании кои се на списокот со санкции на ЕУ. Ова се вели во документот, објавен на сајтот на Европската Комисија, пренесува РИА „Новости“.

Во него се наведува дека европските компании немаат право директно или индиректно да им даваат на санкционираните руски компании услуги за управување со инвестиции.  

Под забрана потпаѓаат Сбербанк, Гаспромбанк, ВТБ, Внешекономбанк (ВЕБ) и Россељхозбанк (РСХБ).

Покрај тоа, забраната важи и за услуги за инвестициски консалтинг.

„Без оглед на тоа што вршењето истражувања формално не се смета како давање консултативни услуги, тоа, во суштина, претставува индиректно советување“, се вели во материјалот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња