Русија и Белорусија ќе создадат механизам за вооружена заштита на Сојузната држава во следните две години, соопшти во средата министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу, а пренесува РИА „Новости“.
Во моментов во тек е формирање на Единствен систем за ПВО на Русија и Белорусија. Како што се очекува, почетокот на борбените дежурства во рамките на овој систем ќе биде на крајот на 2016 година. Сега само се работи на создавање механизам за вооружена заштита на Сојузната држава на повисоко ниво.
„Утврдивме план на заеднички мерки за 2016-2018 година кој е насочен кон формирање воена организација на Сојузната држава и формирање на безбеден механизам за нејзина вооружена заштита“, изјави Шојгу, коментирајќи го исходот од заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на двете држави.
Според неговите зборови, страните го разгледале заедничкото обезбедување на надворешните граници, реализацијата на борбеното дежурство во рамките на Единствениот регионален систем за ПВО на територијата на Белорусија, како и прашањето за понатамошно усовршување на здружениот систем за противелектронска борба.
„Потребната нормативна база е формирана, а нејзиното функционирање ќе обезбеди висока ефикасност на заедничката примена на силите и средствата за РЕБ на вооружените сили на нашите земји“, потенцираше министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче