Објавен е меѓународен конкурс за работен престој во Русија за странски работници од сферата на културата. Поканети се професионалци од целиот свет кои работат на творечки проекти поврзани со културата и историјата на Русија.
Рокот за поднесување пријава (на руски или англиски јазик) е до 1 февруари 2016 година. Победниците ќе добијат можност за двонеделен престој во музеите, театрите, архивите и останатите установи во Санкт Петербург од 9 до 22 мај 2016 година.
Како што објаснуваат организаторите, „под творечки проект се подразбира музејско-изложбени, литературни, филмски и театарски проекти поврзани со Русија и наменети за широк аудиториум“. Работниот престој во Санкт Петербург е предвиден како важна подготвителна етапа за реализација на проектот. За победниците кои ќе бидат објавени на 1 март 2016 година, ќе бидат направени индивидуални програми за работниот престој.
Конкурсот го организираат добротворните организации – Фондот„ Д. С. Лихачов“ и „Претседателскиот центар Б.Н. Елцин“, со поддршка од Комитетот за надворешни односи на Санкт Петербург.
За деталите и условите за учество можете да се информирате на: http://cf.lfond.spb.ru/about/announce/
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче