Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган имал телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин во текот на кој било дискутирано за исходот од посетата на Москва од страна на претседателот на Сирија Башар Асад, соопштуваат турски ТВ-канали повикувајќи се на извор во администрацијата на турскиот претседател.
Асад во вторникот вечерта ја посети Москва и одржа разговори со шефот на руската држава. Претседателите ги разгледале прашањата поврзани со продолжувањето на операцијата на ВКС РФ и сириската армија.
Од своја страна телевизијата „Хабер Турк“ соопшти дека Ердоган изразил загриженост дека активирањето на воените дејствија во Сирија може да го зголеми приливот на бегалци во Турција. Тој му укажал на рускиот претседател на врската на забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан и сириската курдска Партија на демократскиот сојуз. Претседателите исто така се договориле подетално да ги разгледаат овие прашања во текот на нивната средба на самитот на Г-20 во ноември во Анталија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче