Претседателот на Сирија Башар Асад ја посети Москва вечерта во вторникот, 20 октомври, за да разговара со Владимир Путин, соопшти портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
„Претседателот беше детално информиран од страна на сирискиот колега за состојбата во Сирија и за плановите во перспектива“, изјави Песков во средата, 21 октомври, за новинарите.
Разговорите се одржаа како во потесен, така и во проширен состав. Во нив зедоа учество претставници на највисокото раководство на Русија.
Подоцна Асад му се заблагодари на рускиот народ за поддршката. „Пред сѐ би сакал да изразам огромна благодарност до целото раководство на Руската Федерација и рускиот народ за помошта што ѝ ја даваат на Сирија. Благодарам за тоа што тие се залагаат за единство на Сирија и за нејзина независност. Најважно е што сето тоа се прави во рамките на меѓународните закон“, рече претседателот на Сирија.
Според зборовите на Асад, настаните во Сирија не почнале да се развиваат со потрагично сценарио благодарение на политичките потези на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче