Пентагон: Русија и САД се договорија за дистанца меѓу авионите во Сирија

Русија и САД се договорија за безбедна дистанца меѓу авионите во Сирија, а меморандумот за летање стапи на сила, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Кук одби да објасни за каква дистанца станува збор. На прашањето како ќе биде организирана комуникацијата меѓу пилотите во случај на доближување, тој одговори: „Тие не треба да бидат толку блиску за да ги активираат тие протоколи“.

Според зборовите на Кук, текстот на меморандумот нема да биде објавен „на барање на руската страна“. „Беше дадено соодветно барање, не ги знам причините за тоа“, изјави претставникот на Пентагон, пренесува „Взгљад“.

Од Пентагон истакнуваат дека меморандумот предвидува користење на определени фреквенции и создавање на линии за комуникација на земја.  

САД и Русија ќе формираат работна група за реализација на меморандумот за безбедност на летовите во Сирија.  

Американското министерство за одбрана потенцира дека меморандумот на предвидува зони на соработка, размена на разузнавачки податоци и на информации за позициите на целите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.